Заради пожар покрај патот, во прекин сообраќајот на патниот правец Прилеп-Градско

Заради пожар покрај патот, во прекин сообраќајот на патниот правец Прилеп-Градско

Поради голем пожар покрај магистралниот пат Прилеп-Градско кај Плетвар, на потегот помеѓу селата Тројаци и Радобил, сообраќајот на овој патен правец неколку часови е во прекин.

Од 13.30 часот гори нискостеблеста шума и трева, што предизвика густ чад и намалена видливост, заради што сообраќајот е запрен.

Во моментов во прилепскиот регион активни се 5 големи пожари, и тоа кај селата Подмол, Бонче, Дебреште и во долненско. Главно горат нискостеблеста шума и трева, а според информациите од Територијалната противпожарна единица од Прилеп, во гаснење на пожарите се приклучени екипи од соседните градови Крушево и Кавадарци, а на терен се и екипи од прилепските јавни комунални претпријатија.

Прочитајте повеќе

Во СДСМ имаат чувство дека ќе се обелоденат „шокантни детали за договорите Орбан-Мицкоски-Вучиќ“

Во СДСМ имаат чувство дека ќе се обелоденат „шокантни детали за договорите Орбан-Мицкоски-Вучиќ“

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која повторно посочи дека „има чувство“ за идни …