Засадени стотина дрвца околу Крушевското езеро

Засадени стотина дрвца околу Крушевското езеро

На иницијатива на компанијата СЕКЕ, а со поддршка на Општина Крушево и ПСШ „Липа“, денеска во околината на Крушевското езеро беа засадени стотина дрвца.

„Среќа е што во Крушево има една општествено одговорна компанија каква што е СЕКЕ, којa не само што иницира, туку и финансиски и логистички ги спроведува активностите. Се заблагодарувам за поддршката и на ПСШ ‘Липа’, затоа што ова што го правиме го правиме за иднината на Крушево“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Пошумувањето се спроведе во рамки на Тренинг програмата за општествена одржливост која ја спроведува компанијата за производство и проработка на тутун, СЕКЕ.

„Покрај засадувањето на дрва, оваа програма вклучува повеќе други активности и проекти. Еве веќе 5 години како ја спроведуваме оваа активност и во таа насока ќе продолжиме, затоа што животната средина е наша одговорност“, порача Јане Станкоски од компанијата за производство и преработка на тутун.

Прочитајте повеќе

Дали законите за работа на клубовите ќе ја амнестираат одговорноста?

Дали законите за работа на клубовите ќе ја амнестираат одговорноста?

Шеснаесетмина се во притвор за пожарот во кочанската дискотека. Градоначалникот не е осомничен иако има …