Заврши откупот на тутун, откупени над 26 милиони килограми со историски највисока просечна цена од 220 денари

Заврши откупот на тутун, откупени над 26 милиони килограми со историски највисока просечна цена од 220 денари

Во откупниот пункт на Тутунскиот Комбинат во Прилеп, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски го означи официјалното завршување на откупот на тутун од минатогодишната реколта.

„Откупени се 26.296.424 килограми тутун, со историски највисока просечна откупна цена од 220 денари. За откупената количина се исплатени 94 милиони евра од тутунските компании, а дополнително по основа на субвенции, при крајот на март после обработката на податоците од Заврши откупот на тутун, откупени над 26 милиони килограми со историски највисока просечна цена од 220 денариПлатежната агенција, ќе бидат исплатени 31 милион евра. Тоа значи дека за минатогодишната реколта тутунопроизводителите од целата држава ќе добијат 125 милиони евра. Почнаа подготовките за следната реколта, почна потпишувањето на договорите, а во оваа прилика ќе потсетиме дека нема да има ‘бели картони’, туку договорите ќе се склучуваат со решенијата од подрачните единици“, изјави министерот Димковски.

Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат, рече дека во изминатата година инспекторите од оваа институција извршиле над 3.000 надзори, а само до 25 февруари, нивниот број изнесувал 650.

„Присуството на инспекторите на терен беше превентивно, за да нема неправилности. Отворањето на пунктовите, исправноста на инструментите за мерење на тежина и за мерење на влага, работното време, беше контролирано се’ што е во нивна надлежност. Откупени се сите договорени количини на тутун, а од страна на тутунопроизводителите до второстепената комисија беа поднесени минимален број на жалби – една беше прифатена, една или две одбиени и три беа повлечени“, истакна Шапуриќ.

Заврши откупот на тутун, откупени над 26 милиони килограми со историски највисока просечна цена од 220 денариЗадоволството од успешно завршената откупна сезона го искажа и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, кој во својата изјава го нагласи бенефитот кој од тутунопроизводството ќе го имаат граѓаните од целата општина

„Како што кажа министерот, откупот од минатогодишната реколта ‘тежи’ околу 125 милиони евра. Ако се има во предвид фактот дека две третини од тутунот се произведува во прилепскиот регион, тоа значи дека шеесетина милиони евра завршиле кај тутунопроизводителите од овој регион. Дополнително, од оние 31 милион евра за субвенции, 20 милиони се за прилепските тутунопроизводители, што значи дека над 80 милиони евра ќе влезат во нашиот регион, што е од големо значење за економијата и, генерално, за развојот на градот“, Заврши откупот на тутун, откупени над 26 милиони килограми со историски највисока просечна цена од 220 денарипотенцираше градоначалникот Јованоски.

Директорот на прилепскиот Тутунски Комбинат, Кире Станкоски и претседателот на Сојузот на тутунопроизводители, Менде Стомнароски нагласија дека се во тек преговорите помеѓу двете страни околу висината на откупните цени за претстојната сезона. Според нивните зборови, разговорите се движат во добар правец и се очекува дека тие ќе завршат на задоволство и на тутунопроизводителите, и на откупувачите.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …