Завршни зборови на судењето за обидот за убиство врз Села во Собрание

Завршни зборови на судењето за обидот за убиство врз Села во Собрание

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието. Случајот треба да продолжи со завршни зборови на двете страни, откако на претходното заврши доказната постапка.

За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Застапникот на оштетениот Села, Абидин Абдули по завршувањето на последното рочиште рече дека во соработка со јавниот обвинител дополнително ќе одлучат за можни нови постапки кон други лица кои се гледаат на доказите, а не се опфатени со обвинителниот акт.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Денеска преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските …