Здружението кое го донираше Ќосето должи 600.000 евра за спомениците

Здружението кое го донираше Ќосето должи 600.000 евра за спомениците

600.000 евра е сумата што Рудници и железарници Институт по судски пат ја бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради на Ташко Јованов кое во 2014 донираше пет споменици во Скопје за кои неодамна се дозна дека никогаш не и биле платени на леарницата, пренесе Телма.

Телма дознава дека вредноста на спорот помеѓу приватната компанија и здружението изнесува 37 милиони денари. И покрај нашите обиди Јованов остана недостапен за коментар, а од компанијата не сакаа да откриваат детали за судската постапка.

Проблемот со плаќањето и сопственоста на донираните споменици се откри откако беше отстранет споменикот на Ќосето од пред Врховниот суд за кој се утврди дека е нелегално поставен. Од РЖ Институт се обратиле со допис до Град Скопје за тоа каде сега се наоѓа споменикот

„Град Скопје има добиено допис од претпријатието РЖ Институт кое ги лиело за здружението петте донирани споменици. Тие се неплатени кој нив и од нас побараа известување каде се наоѓаат спомениците за нивни потреби во судската постапка што ја водат“, вели Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

По самото донирање спомениците стануваат сопственост на Градот, но дополнителна дилема околу сопственоста отвора судската постапка. Од Град Скопје велат дека утврдување на сопствнеоста не е нивна надлежност.

„Добиен е допис од РЖ Институт. Има спор помеѓу нив и здружението во судот. Како тоа ќе се реши и реално кој е сопственик на тие Градот Скопје не е надлежен за утврдување на сопственоста и оставаме тоа да го решат надлежните институции“, вели Валон Салиху портпарол на Град Скопје.

Сепак, нејасно е зошто наплатата по судски пат се случува 4 години од поставувањето на спомениците. Нејасно е и дали Здружението на Јованов требало да ги плати истите со оглед на фактот дека никогаш немало толу пари на својата сметка и оперирало со буџет од десетина илјади евра.

Здружението од Владата на Груевски во периодот од 2012 до 2016 во пет наврати добивало по 300.000 денари годишно или вкупно 25.000 евра за сите години. Владата на Груевски на ова здружение му додели и ауди А4 како и деловен простор во Трговскиот Скопјанка кој по промена на власта му беше одземен во 2017 со одлука на Агенцијата за управување со одземен имот.

Извор: Либертас

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …