Зекири однесен во притвор

Зекири однесен во притвор

Судот му определи притвор во траење од 30 дена на генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири. Судија на претходна постапка доцна вечерва одлучи да го прифати предлогот на Обвинителството и да определи мерка притвор за Зекири, поради постоење опасност од бегство, можност за уништување докази или влијание на сведоци, како и опасност дека ќе го повтори делото. Тој со полициско возило потоа беше спроведен од судот до затворот Скопје во Шуто Оризари.

Зекири денеска си поднесе оставка од функцијата, откако Обвинителството отвори истрага против него за злоупотреба на службената положба.

Обвинителството во четвртокот доставило предлог до Судот за притвор за осомничените, по што во петокот судија на претходна постапка издаде наредба за спровод на првоосомничениот Зекири, но тој во текот на денот сам се пријави во Судот.

Против ова решение странките имаат право на жалба.

Освен Зекири, во случајот осомничени се и двајца хрватски државјнаи, но тие се недостапни за органите на прогон. И за нив е опредлен притовор, кој би важел откако би се пронашле. Зекири се товари дека ја злоупотребил службената положба и со тоа се стекнал со противправна имотна корист.

Јавното обвинителство претходно соопшти дека е издадена наредба за истрага против двајца хрватски државјани и еден македонски висок функционер во Владата кој е првоосомничен и дека за нив од Судот побарале да им изрече мерка притвор. Владиниот функционер, со помош на хрватските државјани, според соопштението на Обвинителството, склучиле договор за консултантски услуги без соодветна постапка за јавна набавка.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари(950 илјади евра), а на штета на Буџетот на Р. Северна Македонија. Износ бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, се вели во соопштението на Обвинителството“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Јавната обвинителка Катерина Коларовиќ, по завршување на распитот рече дека станува збор за штета од околу 57 милиони денари (950 илјади евра) за кои во моментов не знаат каде се.

„Не можеме да кажеме каде се парите во моментов. Истрагата е започната во текот на вчерашниот ден, сето она што беше обезбедено како документација е во тек на предистражна постапка која претходеше неколку месеци претходно“, рече таа, посочувајќи на Управата за финансиско разузнавање која што, како што рече, се обидува да ја утврди трагата како се движеле парите.

Претходно шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска рече дека знаат каде се парите.

Зекири беше избран за генерален секретар на Влада во ноември 2020.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Конститутивната седница на Собранието ќе се закаже на 28 мај

Конститутивната седница на Собранието ќе се закаже на 28 мај

Дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона …