Земјотрес почувствуван во Виница, епицентарот бил на подрачјето на Делчево и Берово

Земјотрес почувствуван во Виница, епицентарот бил на подрачјето на Делчево и Берово

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 100 километри источно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово.

„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда M L 2.4, а беше почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,“ информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …