Влада

Владата ќе ја одржи редовната 106 седница

Денеска со почеток во 12:00 часот, Владата ќе ја одржи редовната 106 седница, со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за надворешни работи ќе биде разгледан Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и ЕФТА државите, според кој Министерството за  економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за финансии-Царинска управа се определуваат како надлежни органи на државната управа што ќе се грижат за извршување на измените и дополнувањата на Договорот.

Покрај другото, на седницата, пред министрите за разгледување  ќе се најдат и информации за проекти на одделни министерства, како и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата и со цел поголема транспарентност во работењето.

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …