Земјотрес со сила од 4,8 степени во Албанија, почувствуван во повеќе градови во Македонија

Земјотрес со сила од 4,8 степени во Албанија, почувствуван во повеќе градови во Македонија

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 22 часот и 37 минути, регистрираше земјотрес со епицентар на 20 километри североисточно од Тирана, во Албанија и со локална Рихтерова магнитуда од 4.8 степени.

Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Македонија, особено во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала, во северните делови, во градовите, Скопје, Велес и околината со интензитет од III степени и во југозападните делови, Охрид, Ресен, Битола и околината со интензитет од II – III степени според истата скала.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …