Земјотрес во Турција: Повредени најмалку 23 лица

Земјотрес во Турција: Повредени најмалку 23 лица

Најмалку 23 лица се повредени во земјотресот што ја погоди провинцијата Малатија во источна Турција.

„23 наши граѓани, од кои 22 лица во Малатија и 1 лице во Адијаман, се повредени како резултат на пад или скок од височина“, напиша турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на Твитер.

 

Голем број жители на Малатија испаничени скокнаа од прозорците плашејќи се дека нивните домови можат да се урнат како резултат на потреси.

Земјотресот со јачина од 5,2 степени се случи вчера околу 21 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на 11 километри југозападно од градот Малатија.

Гувернерот на Малатија, Ариф Јилмаз, за новинската агенција Анадолу изјавил дека тимовите за управување со катастрофи и вонредни состојби се на терен. Тој додал дека според привичните информации во земјоресот била урната напуштена зграда.

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …