Експлозии во Киев: Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништата

Експлозии во Киев: Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништата

Воздухопловните сили известија дека Русија лансирала хиперсонични ракети во регионот на Киев

Експлозии одекнуваа во украинскиот главен град Киев, откако властите прогласија тревога за воздушен напад низ целата земја, пренесе Ројтерс.

Градоначалникот Виталиј Кличко им порача на жителите да останат во засолништата за воздушни напади. Градските власти на Киев рекоа дека функционира противвоздушната одбрана, а воздухопловните сили известија дека Русија лансирала хиперсонични ракети во регионот на Киев.

„Експлозии во градот. Останете во засолништа!“, напиша Кличко на апликацијата за пораки Телеграм.

Тој рече дека фрагменти од соборениот проектил паднале на територијата на детската болница во градот, но дека нема повредени или материјална штета.

Прочитајте повеќе

Зеленски прогласи енергетска вонредна состојба поради екстремниот студ

Зеленски прогласи енергетска вонредна состојба поради екстремниот студ

Украина прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор во земјата, со посебен фокус на Киев, додека …