Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“ за 2024 година

Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“ за 2024 година

Добитник на наградата „Златен венец“ за 2024 година, која е главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет, Жан Пјер Симеон, информираат организаторите на фестивалот.

Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка, е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка „Вакви денови имало отсекогаш“.

Директорот на СВП, Тодорче Тасевски ја објави соработката на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУ, која од оваа година ќе биде покровител на наградите ЕНХАЛОН и МЛАДА СТРУГА преку Јуроп Хаус-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус (Europe House).

„Возобновената награда „Млада Струга“ ќе се доделува за необјавен поетски ракопис на млад поет или поетеса што дотогаш немаат објавено поетска збирка. Добитникот ќе биде избран по распишан конкурс, а освен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на СВП и учество на Фестивалот, по урнек на поранешниот конкурс на Книжевната младина на Македонија“, информираат организаторите.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …