Жените без документи зборуваа за своите проблеми со министерката Тренчевска

„Гласна и храбра“ е името на кампањата на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), која треба економски да ги зајакне жените и да влијае позитивно на нивното ментално здравје. Министерката Јованка Тренчевска се сретна со жените без документи и заедно со професорката Софија Арнаудова имаа отворена дискусија. На средбата беше присутна и пратеничката од Собранието, Љатифа Шиковска. Жените што немаат документи зборувале за проблемите со кои се соочуваат.

„Тие го опишаа нивниот секојдневен живот. Преку водство од професорката Арнаудова беа дадени насоки како можат да работат на нивното ментално здравје и зошто е важно економското зајакнување на жените. Министерката порача дека има слух за предизвиците со кои се соочуваат жените и посочи дека истите ќе се решаваат еден по еден“, наведено е во соопштението од МТСП.

Со оваа кампања која продолжува во текот на овој месец, целта е на вакви средби да се слушнат проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …