Жителите на Мадрид во одбрана на центарот на градот од автомобили

Жителите на Мадрид во одбрана на центарот на градот од автомобили

Илјадници луѓе вчера протестираа во Мадрид против одложувањето на ограничувањето за користење автомобили кои го загадуваат воздухот.

Во ноември, властите во Мадрид ги забранија автомобилите на бензин и дизел од својот центар, со цел да се справат со високото ниво на азот диоксид и да го доведат градот во согласност со правилата за чист воздух на ЕУ. Но, новата конзервативна власт ја одложи таа забрана.

Луѓето од сите возрасти се собраа, и покрај жешкото време во Шпанија и поголемиот дел од Европа, кое веќе го принуди Париз да забрани повеќе од половина од сите регистрирани автомобили од своите патишта претходно оваа недела, бидејќи топлината го влошува загадувањето.

„Сакам да дишам слободно” и „Ние се стремиме да имаме Мадрид без чад”, беа дел од слоганите на демонстрантите.

Различни европски градови, вклучувајќи ги Париз, Хамбург, Амстердам, Лондон и Осло, почнаа да ги казнуваат или да ги забранат старите загадувачки автомобили, со план во следната деценија тие ќе ги отстранат сите автомобили за фосилни горива.

Еколошките групи, вклучувајќи ги и Гринпис, велат дека мерката „централен Мадрид” ги намалила нивоата на загадување на воздухот од емисиите на автомобили во центарот.

Новата градска власт, раководена од конзервативната Народна партија, од 1 јули ги одложува казните за автомобили кои влегуваат во тековното ограничено подрачје, а во меѓувреме разгледува план за „компатибилност со потребите за мобилност на граѓаните”.

Европската комисија ја предупреди Шпанија дека ќе се соочи со санкции и можна тужба ако не ги исполни стандардите за квалитет на воздухот во своите најголеми градови Мадрид и Барселона.

Извор: Радио МОФ

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …