Зимскиот распуст за учениците почнува утре, наставата ќе продолжи на 21 јануари

Зимскиот распуст за учениците почнува утре, наставата ќе продолжи на 21 јануари

Почнувајќи од утре па сè до 20 јануари ќе трае зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта. Наставата ќе продолжи на 21 јануари.

Оваа година, првото полугодие траеше пократко, поради тоа што учебната година започна еден месец подоцна од регуларниот термин, односно на 1 октомври.

Иако имаше барања првото полугодие да заврши порано и зимскиот распуст да трае подолго, сепак министерката за образование и наука, Мила Царовска истакна дека нема причина за тоа, бидејќи нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата.

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информираа дека за време на зимскиот распуст нема да важи бесплатниот превоз за средношколците.

„Средношколците од прва година, од почетокот на второто полугодие, јавниот превоз бесплатно ќе можат да го користат само со персонализирана картичка „Скопска“, односно од петок (01.01.2021 год) прекинува да им важи времениот хартиен билет“, велат од ЈСП.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …