Новогодишна честитка на градоначалникот Јованоски: Возвишените чувства на љубов, радост, мир и хармонија, да бидат присутни во сечиј дом

Новогодишна честитка на градоначалникот Јованоски: Возвишените чувства на љубов, радост, мир и хармонија, да бидат присутни во сечиј дом

Почитувани сограѓани,

Во пресрет на празничните денови, посакувам возвишените чувства на љубов, радост, мир и хармонија, кои со себе ги носат новогодишните и Божикните празници, да бидат присутни во сечиј дом, во сечие семејство и во срцата на сите нас.

Во годината што изминува, се соочивме и за жал се’ уште се соочуваме со најголемиот предзивик на денешницата, вирусот Ковид-19,  кој не го одмина нашиот град и целосно го промени начинот на живот ширум светот.

Затоа, заедно да испратиме желби за побрзо оздравување на сите оние, кои во моментот водат лична битка со болеста и во празничниот период не можат да бидат со своите најблиски.Ним и на нивните семејства, да им порачаме дека не се оставени сами на себеси, дека нивната борба е и наша.

Да упатиме благодарност и признание до хероите на новото време – здравствените работници. Да ја уважиме нивната пожртвуваност во битката со невидливиот непријател и нивната несебична грижа за нашето здравје.

Драги сограѓани,

Во име на колективната борба со вирусот, од која со сигурност ќе излеземе како победници, празниците да ги прославиме одговорно и во кругот на своите најблиски.

Во годината што претстои, сплотено и заеднички да продолжиме да работиме на економскиот и инфраструктурниот развој на нашата општина, за подобар живот на сегашните и поуспешна иднина на новите генерации.

Со желби за добро здравје, вам и на вашите семејства ви посакувам поубаво утре и среќна и бериќетна Нова 2021 година.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …