Здружението на новинарите на македонија (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) упатија апел за помош на новинарот Саше Димовски.
На Димовски му е ампутирана ногата, а за да му се помогне повторно да прооди потребни се пари за протези и за рехабилитација.
Донациите може да се уплатат на следниве сметки за донации:
Денарска: 250101000288259
Девизна: 1408000644660
SWIFT: INSBMK22
IBAN 07250780006446692
Шпаркасе банка Македонија
Исто така, посетителите на 13-Ноемврискиот хуманитарен базар ќе имаат можност во недела во Броз кафе од 12 часот да донираат за Димовски, а и за други наши сограѓани.