14 години од смртта на Тоше

14 години од смртта на Тоше

На денешен ден пред 14 години, во тешка сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка, Хрватска, на 26-годишна возраст загина Тоше Проески.

Тоше беше еден од најдобрите вокали на пошироките простори. Во својата кратка музичка кариера остави голем број на хитови, кои го промовираа во балканска ѕвезда, омилен лик меѓу сите генерации.

Тоше беше прогласен за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Беше познат голем хуманист, правејќи добри дела без јавно промовирање. Неговиот лик и делата кои ги остави зад себе, беа симбол на грижата за другите и верба во хуманоста.

Прочитајте повеќе

Камшикот, од блиску дојде

Камшикот, од блиску дојде

Сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против“. …