400.000 Македонци имаат катаракта или дијабетес

400.000 Македонци имаат катаракта или дијабетес

Околу 400.000 граѓани во Македонија се соочуваат со очната болест катаракта или имаат одредена форма на дијабетес, беше истакнато на денешната панел дискусија насловена како „Современа офталмологија за подобро очно здравје“ која се одржува во рамки на манифестацијата „Профемина“.

Катарактниот и витреоретинален хирург д-р Виолета Бучкоска и нејзиниот колега, офталмолог д-р Сашо Ѓорѓиоски од Специјалната очна болница „Деница“ од Скопје, преку оваа панел дискусија, ја зајакнуваат свесноста за важноста на очното здравје. Д-р Бучковска, во своето излагање, потенцираше дека најважно е очните проблеми да се третираат навреме. „Просечно, иако околу 60% од граѓаните имаат одреден проблем со видот, сепак важно е да се нагласи дека повеќе од 80% од очните проблеми се решливи доколку се третираат навреме“, рече д-р Бучковска. Според неа, особено е важно да се унапредува здравствената култура кај граѓаните, кои треба редовно да го посетуваат својот очен доктор и на тој начин, да бидат откриени сите болести и успешно да бидат третирани и надминати.

Д-р Сашо Ѓорѓиоски истакна дека 25% од децата имаат некаков проблем со видот поради што е неопходно уште од најрана возраст редовно да се посетува очен доктор. „Според јавно достапните статистики, во просек, децата во текот на еден ден поминуваат околу 6 часа пред компјутер или пред мобилните уреди, што претставува главна причина за појава на таканаречени дигитално поттикнати заболувања на очите, што е уште една важна причина зошто треба да се посветува особена грижа за нашето офталмолошко здравје“, истакна д-р Ѓорѓиоски.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …