55-годишнина од убиството на Мартин Лутер Кинг

55-годишнина од убиството на Мартин Лутер Кинг

На денешен ден пред 55 години, во Мемфис, Тенеси, на 39-годишна возраст убиен е активистот за граѓански права и добитник на Нобеловата награда за мир, Мартин Лутер Кинг.

Тој е афроамерикански баптистички свештеник, значајна личност во поновата историја на САД. Се смета за еден од највлијателните поборници на ненасилството, ширум светот почитуван како херој, миротворец и маченик.

Во 1957 година ја основа Конференцијата за јужњачко христијанско водство, чија цел беше преку ненасилни акции да протестира во прилог на укинување на подредената положба на црнците во САД. Организираше и предводеше многу маршеви за правото на црнците на глас, за десегрегација, за праведно вработување и за останатите основни граѓански права. Најпознат марш беше маршот до Вашингтон за работа и слобода во 1963, кога на централниот собир учествуваа повеќе од 250.000 луѓе.

На 4 април 1968 година врз Кинг беше извршен атентат во Мемфис, Тенеси, додека се подготвуваше да предводи марш во знак на поддршка на синдикатот на санитетските работници од Мемфис.

На неговиот погреб присуствуваа околу 300.000 луѓе.

Неговиот говор I have a dream, се смета за еден од најдобрите и најинспиративните во историјата на американското говорништво.

„Имам еден сон, дека еден ден на црвените ридови на Џорџија синовите на поранешните робови и синовите на поранешните сопственици на робови, заедно ќе седнат на масата на братството.

Имам еден сон, дека еден ден дури и државата Мисисипи, држава која се мачи во жештината на неправедноста и угнетувањето, ќе се измени во оаза на праведноста.

Имам сон, дека моите четири деца еден ден ќе живеат во една нација, во која се оценува не според бојата на кожата, туку според карактерот. Имам еден сон…“

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …