600.000 ДЕНАРИ ОД ОПШТИНА БИТОЛА ЗА МИКРОБИОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ПРИ ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

600.000 ДЕНАРИ ОД ОПШТИНА БИТОЛА ЗА МИКРОБИОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ПРИ ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

На денешната вонредна седница на Советот на општина Битола, која се одржа по електронски пат, едногласно беше изгласана Одлуката за донирање на финансиски средства на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.

Парите ќе бидат искористени за ставање во функција на Микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД-19, во насока на ефикасно, ефективно и навремено детектирање на пациентите со коронавирус.

Средствата кои што ги одвојува Општина Битола за оваа лабораторија се во висина од 600.000 денари, или приближно 10.000 евра.

Прочитајте повеќе

полиција

Запален службениот автомобил на директорот на затворот Идризово

Од пожарот бил зафатен дел од фасада на зграда, како и предмети на балкони на …