66.000 Mакедонци се стекнале со бугарско државјанство за 10 години

66.000 Mакедонци се стекнале со бугарско државјанство за 10 години

Бугарската министерка за правда Десислава Ахладова во бугарскиот парламент, како одговор на пратеничко прашање, истакнала дека во последните десет години речиси 66 илјади Македонци се стекнале со бугарско државјанство

Во сите случаи, додава министерката, основата за доделување на државјанство е доказ за бугарско потекло.

„Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година, апликации за стекнување бугарско државјанство поднеле 77.829 македонски државјани, од кои 77.726 биле со бугарско потекло. Во истиот период, со претседателски указ, 65.675 Македонци добиле бугарско државјанство“, посочува таа.

Прашањето во парламентот било поставено од Христо Гаџев од ГЕРБ.

„Во последните 10 години, нашата земја издаде најмногу пасоши на жителите на нашиот сосед во 2010 година – 11.724 примероци, а најмалку се издадени во 2013 година – 2171 примероци“, посочила Ахладова.

Во текот на оваа година, бугарски пасош добиле 6.712 Македонци, додека од почетокот на 2020 година до крајот на октомври беа поднесени 1.963 апликации.

Извор: ТВ21

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …