врнежи од снег

Информација од АМСМ за состојбата на патиштата

Поради обилни врнежи од снег, забрана за сообраќај на тешки моторни возила има на следниве патни правци:
– Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража
– крак Маврово – Жировница
– Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека
– Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато
– Струга – г. п. Ќафасан
На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси. За останатите типови на возила, на овие правци задожителна е употреба на зимската опрема.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …