Променливо облачно и студено време со засилен северен ветер

Променливо облачно и студено време со засилен северен ветер

Денеска ќе преовладува променливо облачно и студено време, со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег. Дневната температура ќе се движи од 0 до 8 степени Целзиусови.

Следува период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура во текот на ноќните и раните утрински часови ќе се спушти до -6, а максималната дневна температура ќе достигне 9 степени.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …