Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

На денешните вонредни внатрепартиски избори, Димитар Ковачевски е избран за нов претседател на СДСМ.

На вонредните внатрепартиски избори кои беа организирани заради оставката на партискиот лидер Зоран Заев, учествуваа тројца кандидати: Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

На вкупно 194 избирачки места ширум државата, на гласање излегле 44.406 членови на СДСМ. Од нив, за Ковачевски гласале 37.649, за Деспотовски 3.319, додека за Ременски гласале 2.836 гласачи. Бројот на неважечки ливчиња е 602.

Она што исто така е извесно, е дека функцијата Генерален секретар на СДСМ ќе ја извршува Миле Зечевиќ.

Димитар Ковачевски е роден 1974 година во Куманово. Тој е доктор на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Ковачевски е предавач на додипломските, последипломските и докторските студии и автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент, објавени во меѓународни научни списанија и конференции.

Во моментов Ковачевски ја извршува функцијата заменик-министер за финансии.

Прочитајте повеќе

Мицотакис: Отстапувањата од Преспанскиот договор ќе имаат последици во билатералните односи и патот кон ЕУ

Мицотакис: Отстапувањата од Преспанскиот договор ќе имаат последици во билатералните односи и патот кон ЕУ

Грчкиот премиер нагласи дека употребата на уставното име е ерга омнеси дека нема да ги …