80 години од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифоски - Питу

80 години од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу

Денеска се навршуваат 80 години од убиството на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, идеолог и еден од главните организатори на Народно-ослободителната борба антифашистичката револуција.

Кузман Јосифовски – Питу е главниот иницијатор и организатор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи.

Роден е во Прилеп 1915 година, се образувал во Прилеп и Битола, за потоа да продолжи на студии по право на Белградскиот универзитет.

За време на студиите активно се вклучува во политичката активност, особено преку создавање на студенските друштва и движења „Вардар“ и „МАНАПО“.

Бил член на ПК на КПМ, на Главниот штаб и на Централниот комитет на КПМ.

Под неразјаснети околности, Кузман Јосифовски – Питу бил убиен на 25 февруари 1944 година. Според официјалната верзија, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година, погоден од куршум на бугарски фашистички војник.

За народен херој бил прогласен на 2 август 1945 година.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …