Талевски: Рекордни заплени на дрога, силна борба на МВР против криминалот

Талевски: Рекордни заплени на дрога, силна борба на МВР против криминалот

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Министерството за внатрешни работи продолжува да остварува одлични резултати во бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на недозволеното производство и продажба на наркотици.

Македонската полиција, само за еден ден, во две големи акции, заплени 1 тон и 600 килограми наркотична дрога во вредност од 3,2 милиони евра.

Во периодот декември 2021, јануари 2022 и првите денови од месец февруари, вкупно се запленети се над два тона марихуана, над еден тон психотропни супстанци за производство на метформин со вредност од над 50 милиони евра, како и седум килограми хероин во вредност од 300.000 евра.

Овие податоци говорат за успешноста и ефикасноста на Министерството за внатрешни работи во борбата против трговијата со дрога и неселективна борба против секаков вид на криминал.

Министерството за внатрешни работи, со успешните реформи, повисоките плати, новата опрема и објекти, работи помотивирано и поефикасно.

Полицијата е вистински партнер на граѓаните.

Почитувани,

Врвен приоритет на СДСМ и институциите што ги предводи е ефикасна, неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид на криминал.

Прочитајте повеќе

Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

Соопштение за јавност на СДСМ Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја …