бензин дизел бензинска горива

Од ноќеска поевтинуваат горивата

Откако Собранието доцна синоќа по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, од ноќеска на полноќ поевтинуваат горивата.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, цената на бензинот се намалува за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Тоа значи дека од вечерва на полноќ, цената на еуросупер 95 ќе изнесува 86.5 денари за еден литар, еуросуперот 98 ќе чини 88,5 денари, а цената на дизелот ќе биде 88 денари.

Прочитајте повеќе

Мицкоски

СДСМ: „Не гледај што правам, слушај ме што говорам“ – Мицкоски нема капацитет за лидерство

„Не гледај што правам, слушај ме што говорам“. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање …