поткуп

Прилеп: Приведена земјоделска инспекторка за примање поткуп

Денеска во 09.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик.

Инспекторката била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени. В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитајте повеќе

Филипче до разочараните членови: Сега е потребна вашата поддршка, а промените кои ги барате во СДСМ ќе се случат

Филипче до разочараните членови: Сега е потребна вашата поддршка, а промените кои ги барате во СДСМ ќе се случат

Во ваши раце е оваа одлука и не е касно да се исправи штетата. Не …