облачно

Облачно време, од утре дожд и пад на температурите за 10 степени

Денеска ќе преовладува умерено до значително облачно време, кон крајот на денот претежно во посеверните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а во попладневните часови ќе се прошири засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 14 до 23 степени Целзиусови.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса, утре времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите же бидат побилни особено во јужните и источните делови, а дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени.

Од понеделник до среда врнежите ќе бидат со послаб интензитет, а нов влажен бран ќе има кон крајот на работната недела. Од вторник на места ќе има утрински температури под нулата.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …