Нема простор за паника - пристигнува масло од Србија

Нема простор за паника – пристигнува масло од Србија

Нема потреба од паника, граѓаните да не складираат резерви масло за јадење, затоа што масло ќе има. Ова е апелот на надлежните институции откако Србија ја донесе Одлуката за извоз на два милиони литри зејтин во Северна Македонија.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека на седница во четвртокот (14.04), српската Влада донела одлука за извоз на два милиони литри масло за јадење. Претходно Србија ја крена рампата за пченката и пченицата.

„Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне ‘рампата’ за основните производи, пченицата и пченката и да почне реализацијата на договорите“, вели Николовски.

Ресорниот министер е дециден дека нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата. „Процесот е почнат, околу 2 000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отворен Балкан“. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите“, вели тој.

Да не се складира зејтин непотребно

Надлежните институции прават напори за обезбедување доволно суровини и производи коишто се стратешки за државата.  „Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат“, рече Николовски.

Граѓаните од 14 април можат да купат маслосамо во ограничено количество. Нема веќе купување цели пакети и складирање резерви, откако сончогледовото масло го снема од рафтовите, а во продавниците каде што се уште го има, цените енормно рипнаа.

Одлуката за ограничување на продажбата на маслото за јадење, која што ја донесе Министерството за економија, ќе важи до 31 мај.

Ресорното министерство испрати известување до трговците во коешто ги информираше за мерката. Во него се препорачува да не се дозволува продажба на масло за јадење од сончоглед во големи количини, односно количини пакувани во пакети.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …