Денеска облаци, утре дожд, за викендот сонце и стабилизирање на времето

Денеска облаци, утре дожд, за викендот сонце и стабилизирање на времето

Денеска ќе имаме променливо облачно време со повремен локален дожд, особено во северните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец а највисоката дневна температура ќе достигне 20 степени.

Променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд ќе преовладува до недела, со исклучок на утрешниот ден кога ќе има засилен југоисточен ветер. Попладнето ќе има услови за појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи.

Потоа следува неколкудневен постабилен сончев период. Од утре дневните температури ќе бидат во пораст кој ќе биде позначителен за време на викендот, кога температурите ќе бидат во интервалот од 18 до 27 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје. „На 14.03.2026 во 12:05 …