сончево време

Сончево и топло време, од четврток пониски температури

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала локална облачност. Попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец а температурата ќе се движи во интервалот од 16 до 28 степени.

И утре ќе се задржи сончево и топло време. Од четврток облачноста повремено ќе се зголемува, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за неколку степени. Главно во планинските региони ќе има услови за локaлeн дожд. Максималната температура ќе достигне 22 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Царина Богоев

Богоев: Побрз транспорт и заштеда на време и средства преку стекнување статус на Овластен економски оператор

Заштеда на време и трошоци, помалку физички контроли, предност во царинење и избор на место …