Влада: Разрешен директорот на Управата за извршување на санкциите, Старото училиште во Љубојно ќе се адаптира во Центар за промоција на македонскиот јазик

Влада: Разрешен директорот на Управата за извршување на санкциите, Старото училиште во Љубојно ќе се адаптира во Центар за промоција на македонскиот јазик

На денешната 119-та седница, Владата ја разгледа Информацијата за изработка на Проект за реконструкција и ревитализација на Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно и за негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Имајќи ги предвид вредностите на Старото училиште „Димитар Влахов” во селото Љубојно, надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола, како што соопштија од Министерството за култура, иницира постапка за негова реконструкција и ревитализација како Центар за промоција на македонскиот јазик.

Задолжено е Министерството за култура да ги преземе сите натамошни дејствија во врска со адаптацијата на училиштето „Димитар Влахов’’ во Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Владата на денешната седница го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управа за извршување на санкциите, а за директорка на Педагошката служба ја именуваше Вангелија Велева, како единствен уредно пријавен кандидат на отворениот јавен оглас.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …