Јавна трибина на Општина Прилеп: Ќе се носи ли Одлука за задолжување преку издавање обврзница „тешка“ 5 милиони евра?

Јавна трибина на Општина Прилеп: Ќе се носи ли Одлука за задолжување преку издавање обврзница „тешка“ 5 милиони евра?

Утре, понеделник 20 март со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи јавна трибина со цел, како што пишува во Одлуката за нејзино организирање потпишана од градоначалникот Борче Јовчески, носење на пропис за прашања од локален економски развој на Општина Прилеп.

Во чл.2 од Одлуката, меѓу другото, пишува:

„Се задолжуваат сектор за финансиски прашања и сектор за урбанизам и заштита на животната средина да изготват нацрт на одлуката за задолжување на Општина Прилеп преку издавање обврзници, како и визуелен приказ на предлог-проектите“.

Општина Прилеп ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на трибината и да дадат свои мислења и предлози.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …