Санела Шкријељ, пратеничка

Шкријељ: Ковачки го покажа вистинското, грдо лице на ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Драган Ковачевски, со секој негов јавен настап во Собранието го открива најгрдото лице на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки со секој свој настап потсетува на таа нечовечност пред се во редовите на ВМРО ДПМНЕ од времето на Груевски која кога не е осудена од претседателот на партијата па и од нејзините подржувачи станува нејзин белег и карактеристика.

Подлоста, клеветење и нечовечноста никогаш не се сметаат за храброст , за дел од борбеноста и наводната бескомпромиснот со противниците или конкуренцијата.
Особено омразата, злобата која ја манифестира Ковачки кон министерката за одбрана, но и на пратеници од ВМРО ДПМНЕ кон други пратенички. Засега сето ова останува неосудувано од неговата партија, нема ниту извинување.

Тие методи на примена на психичко и физизичко насилство кон противниците, различните, и инакумислечките, својот врв го досегнаа со насилството и обидот за убиство по влегувањето во Собранието на топлите организирани од ВМРО ДПМНЕ на 27ми април 2017 година. Тој модел на однесување и тоа насилство во политиката ВМРО ДПМНЕ никогаш јавно не го осуди и не се огради од него.

Јавноста, граѓаните со право реагираат. Кога таква личност би дошла во можност да практикува власт и да применува легална сила тогаш е можно омразата да стане државна политика.

Собранието не е место за омрза, навреди и омаловажувања.

Оттука однесувањето на Ковачки не е само недозволиво однесување на еден пратеник туку сериозен политички проблем што неговата партија треба да го решава.

Прочитајте повеќе

Сдсм знаме

СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Соопштение за јавност на СДСМ Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која …