Состанок на лидерите на земјите од процесот Брдо-Бриони во Скопје

Состанок на лидерите на земјите од процесот Брдо-Бриони во Скопје

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, денеска на 11 ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од процесот Брдо-Бриони кој се одржува во Скопје.

На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.

Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ.

Главната цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

На состанокот на лидерите на земјите учеснички од процесот Брдо-Бриони, се акредитирани 125 претставници на медиумите, 72 од нашата држава и 53 од странство.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Рокот на Управниот суд, во кој треба да одлучи дали се прифаќаат приговорите на ДИК …