Мицкоски

СДСМ: Демантирани лагите на Мицкоски за Онкологија

Соопштение за јавност на СДСМ

Лагите на Мицкоски за Онкологија се демантирани, не постои и воопшто не е изготвен Извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година.

Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа, која ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле.

Лагите на Мицкоски, кои ја вознемируваат јавноста, претставуваат обид за упад и ја загрозуваат истрагата за Онкологија.

Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата.

После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување.

Одговорност за сите инволвирани во случајот на Клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …