сончево со облаци

Денеска облачно со локален дожд, до крајот на неделата стабилизирање на времето

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта по котлините ќе има појава на магла.

До крајот на работната седмица ќе настапи стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет. Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време не викендот. Во вечерните и утринските часови температура ќе се движи во интервалот од -2 до 5, а дневната од 8 до 16 степени Целзиусови степени.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …