Полициска лента Полиција

Лекар од Скопје пронајден во автомобил избоден до смрт во Железара

Лекарот го пронашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа

На паркингот пред поранешната клиника Железара, во возило „Киа“ вчеравечер бил пронајден починат 67-годишниот А.Т. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој бил пронајден во сопствениот автомобил со повеќе убодни рани.

Јавното обвинителство соопшти дека починатиот бил лекар. Го пронашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопштија од МВР.

Од обвинителството информираа дека е извршен увид на лице место во населбата Железара, а издадени се и наредби за прибираање и анализа на сите траги пронајдени на лице место, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …