Кога Грујо и бандата купуваа станови и плацови, тие молчеа.
Кога ги тераа да носат списоци со имиња и презимиња на 15 “сигурни“ гласачи, пак молчеа.
Кога со автобуси ги товараа и растовараа да ги “бранат“ Уставниот суд и буџетот, немаа ништо против.
Кога ДПМНЕ го донесе Законот за амнестија на “Хашките случаи“, тврдеа оти тоа е во интерес на соживотот.
Кога “бомбите“ на Заев до гола кожа го разголија криминалното здружување, велеа “сечено и лепено е“.
Кога Грујо и Антонио предлагаа државата да се прекрсти во Горна или Северна Македонија, се правеа на удрени…
И зошто сега јас со истите тие би дебатирал за преговорите со Грција, за употребата на албанскиот јазик, за името на аеродромот, автопатот… Зошто?
Море ај гитла!