ВМРО-ДПМНЕ ја достави во Собранието интерпелацијата за Владата на Заев

ВМРО-ДПМНЕ ја достави во Собранието интерпелацијата за Владата на Заев

ВМРО-ДПМНЕ достави до Собрание интерпелација за Владата на премиерот Зоран Заев. Ова за ТВ21 го потврди координаторот на партијата, Драган Данев.

Интерпелацијата ја достави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ без да даде изјава за медиуми поради празникот Велигден.ВМРО-ДПМНЕ ја достави во Собранието интерпелацијата за Владата на Заев

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски очекува во среда да се свика седница за да се дискутира околу гласањето на недоверба кон владата на Заев.

– Oчекувам в среда на крајот на денот да ѝ биде изгласана недоверба на Владата, за да можеме да видиме како понатаму ќе ја развиваме Република Македонија, да организираме предвремени парламентарни избори – рече Мицкоски по утринската воскресна литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

Мицкоски изјави дека очекува по средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, да биде оргазнизирана лидерска средба за прашањето за името.

– Долго време не сме се виделе. Гледаме нов оптимизам за името, па да видиме на што се темели таквиот оптимизам – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Слободен печат

Прочитајте повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи на својата официјална фејсбук страница имаше реакција на едностраната …