Заев: Преговорите за членство во ЕУ ќе ги водат најдобрите луѓе од институциите

Заев: Преговорите за членство во ЕУ ќе ги водат најдобрите луѓе од институциите

Премиерот Зоран Заев на седницата на Комисијата за европски прашања рече дека по одлуката за отпочнување преговори за членство во Европската унија, веднаш ќе почне да ја подготвува преговарачката структура.

Заев истакна дека се израдувале на препораката од Европската комисија, но дека истовремено ја продолжуваат „европската динамика“. Премиерот вели дека во Владата се подготвувал планот „18“, а ќе се работи со сите политички партии.

– По донесувањето на одлуките за преговори во јуни, ќе ги подготвиме и преговарачите. Со овој чекор, ќе демонстрираме сериозност. Овде ќе ни требаат најдобрите луѓе од институциите. Треба да имаме предвид дека членството во ЕУ ќе ги отвори најголемите теми, како реформите во судството, владеење на правото, човекови права и така натаму. Реформиран државен систем ќе ни помогне да станеме до европските политички системи. Ги засукаваме ракавите, не чека полни раце работа – кажа Заев во обраќањето.

Македонија доби позитивна и безусловна препорака во Извештајот за напредокот, но конечната одлука за датум за преговори треба да ја донесе Европскиот совет во јуни.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …