Уставниот суд одлучи дека референдумот за „Казандол“ бил неуставен

Уставниот суд на денешната седница ги поништи одлуките за распишување референдум за рудникот „Казандол“ за експлоатација на минерални суровини, донесени од Советот на општина Валандово на 3 и 10 јули 2017 година.

Според Судот, одлуките за референдум се неуставни и незаконити, бидејќи прашањето на концесии не е од локално значење за да може локалната самоуправа да распишува референдум.

Подносител на иницијативата е поранешниот градоначалник на општина Валандово, Николче Чурлиновски.

Тој во јули минатата година го забрани референдумот за рудници во Валандово. Референдумот, кој беше на иницијативата „Спас за Валандово” по тримесесечни обиди за закажување, сепак се одржа на 20 август, но не успеа оти немаше доволна излезност.

На денешната седница беше поведена постапка за оценка на уставноста и законитоста на одлуката за распишување референдум на локално ниво, донесена од Советот на Општина Дојран, која се однесува „за“ или „против“ отворање рудници во нивната општина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …