Заев во ист коверт ги ставил неговото и писмото на владиците до Вартоломеј

Заев во ист коверт ги ставил неговото и писмото на владиците до Вартоломеј

Македонскиот премиер Зоран Заев во ист коверт ги ставил неговата молба до Вселенскиот патријарх Вартоломеј и писмото на владиците од Македонска православна црква – Охридска архиепископија МПЦ-ОА, со кое се бара да се реши долгогодишниот проблем на македонската црква и да се додели автокефалност.

Тоа се гледа од неговото писмо, што Владата денеска го препрати до медиумите. Во него Заев го нарекува патријархот Вартоломеј „духовниот водач и отец на сите Православни.

„Со особена чест и радост Ви пишувам Вам, на духовниот водач и отец на сите Православни, пред се посакувајќи да ја изразам големата почит која ја има нашата Влада и целото политичко раководство на нашата земја кон Вашата чесна личност и кон Вселенската Патријаршија“, стои во писмото на Заев до Вартоломеј.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …