Прилепскиот Центар за јавно здравје врши дератизација против штетните глодари

Прилепскиот Центар за јавно здравје врши дератизација против штетните глодари

Стручните служби на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп, веќе 15 денови ја
спроведуваат првата фаза од превентивната систематска дератизација на
територијата на градот.

„Цел на спроведување на дератизацијата, е редуцирање и уништување на
популацијата на штетни глодари, а со тоа зголемување на степенот на
здравствена заштита на населението и одржување стабилна епидемиолошка
состојба. Бидејќи освен што глодарите предизвикуваат огромни материјални и
економски штети, тие се и резервоар на повеќе од 40 заразни болести“, вели
Горан Кузевски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Согласно добиениот тендер од страна на локалната самоуправа, предмет на
третирање на стручните служби на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп, е
подземниот канализационен систем на градот, при што ќе бидат третирани околу
3.500 шахти и поставени 14.000 мамки.

Втората фаза од дератизацијата ќе биде спроведена на почетокот на есента.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …