Нова инвестиција – американската компанија „Теламон“ ќе вложи 4 милиони евра во земјава

Нова инвестиција – американската компанија „Теламон“ ќе вложи 4 милиони евра во земјава

На денешната 75-та владина седница министрите ја усвоија  информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“.

Станува збор за нова инвестиција во Република Македонија, која изнесува 4 милиони евра. Според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите 5 години. Компанијата Теламон произведува машини за спојување автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање.

Инаку, компанијата е една од најголемите во САД и свои претставништва има на 9 локации: Индијана, Илиноис, Калифорнија, Арканзас, Охајо, Њу Џерси, Канзас и Мисури, два меѓународни капацитети во Кина и еден во Мексико. Фабриката во Република Македонија ќе биде четврти меѓународен капацитет и седиште на Теламон – Европа.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …