Несторовски му го подари својот победнички дрес на градоначалникот Јованоски

Несторовски му го подари својот победнички дрес на градоначалникот Јованоски

Иднината на фудбалот во Прилеп и Македонија, беа тема на денешната средба во Општина Прилеп, на градоначалникот Илија Јованоски со прилепскиот интернационалец и македонски репрезентативец, Илија Несторовски.

Несторовски, којшто моментално настапува за италијанскиот „Палермо“, го запозна градоначалникот Јованоски со функционирањето на големите италијански и европски фудбалски клубови и со начинот на којшто, тие остваруваат соработка со властите во нивните земји, во правец на подобрување на спортската инфраструктура и градење на млади фудбалски таленти.

Според градоначалникот, фудбалскиот ас Несторовски и другите македонски спортски интернационалци, се вистински спортски амбасадори на нашата држава ширум светот. Тие имаат непроценлива улога во промоцијата на македонскиот фудбал и на спортот, воопшто. Во оваа пригода, Несторовски на градоначалникот Јованоски му го подари својот дрес со бројот и боите на „Палермо“.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …