Мицкоски: Се запира процедурата за избор на ДИК со просто мнозинство

Мицкоски: Се запира процедурата за избор на ДИК со просто мнозинство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека Владата се согласила со барањата на партијата за техничка влада, според Пржинскиот принцип за секои следни избори и додаде дека е задоволен што постигнале договор за Законот за финансирање на политички партии кој ќе гарантира транспарентност и ќе спречи евентуални злоупотреби.

– Се договоривме да се стопира и повлече предлогот на Владата, гласањето на ДИК да биде со просто мнозинство и одлучивме да се врати старата процедура. До сега не преговаравме за референдумското прашање и неговиот карактер – рече Мицковски.

Како одговор на новинарско прашање, тој рече дека на лидерските средби, не разговарале за измени на кривичниот законик и додаде дека тоа било обид на власта да го одвлече вниманието на јавноста од штетниот договор кој го потпиша со јужниот сосед.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …