Кривична пријава за двајца битолчани поради настаните на 2.Август на Мечкин Камен

Кривична пријава за двајца битолчани поради настаните на 2.Август на Мечкин Камен

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнeние за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, казниво по член 319 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Во врска со настаните во Крушево на 2 Август во полициска станица се повикани повеќе лица и по документирањето на случаите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 02.08.2018 година околу 13.00 часот на местото ,,Мечкин Камен“ во Крушево, каде се одржуваше манифестација по повод прослава на националниот празник „Илинден“, пријавените лица организирано присуствувале на прославата како дел од група составена од навивачи од повеќе навивачки групи. За време на положувањето на цвеќе од страна на присутните делегации провопријавениот М.Д., второпријавениот Ѓ.Д. и други лица, стоејќи во непосредна близина до ВИП ложата, спроти бината каде се одржувала манифестацијата, скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело „предизвикување омраза, раздор, или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основ.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …